Кумановци уживаа на тамбурашкиот фестивал
Кумановци во измнатиот викенд уживаа во звуците на тамбурата. Имаа можност да почувствуваат разни варијации на тамбурашка изведба од орекстри од Македонија и од просторот на бивша Југославија. Какво е чувството да се биде дел од едно вакво музичко доживување...

Од далечната 1917 година, кога бил формиран првиот тамбурашки оркестар до ден денешен тамбурата сенегува на овие простори. Со цел да се спаси од заборот, кој и прети на тамбурашката музика, Кумановските Тамбураши пред десет години ја започнаа идејата за Меѓународен Тамбурашки Фестивал во Куманово.
"Еве ние сме тие што се обидовме да го вратиме тамбурашкиот саунд и тамбурата како податлив инструмент кој може многу да даде и во инструменталното и во вокално-инструменталното музицирање .Од друга страна сакаме да го свртиме вниманието на младите кон тамбурата кои се опиени од комерцијалната музика“, вели Ристо Келешов, уметнички директор на Фестивалот.
Некогаш тамбурата се слушала многу почесто , скоро не можела да се замисли веселба без звукот на тамбурата се сеќават постарите кумановци, но таа е интересна и за помладите.
"Најголем дел од членовите на оркестрот Кумановски Тамбураши се поранешни ученици на истакнати тамбраши. Тие свиреа на игранките во Соколана , во Гимназија."
"Мене лично ова музика многу ми се допаѓа, уживав цела вечер."
"Куманово треба да се гордее со ваков настан со право заслужува да биде центарот на тамбурашкото збиднување“, велат граѓаните.
На првата фестивалска вечер настапија “Кумановски тамбураши”, “Ѓезме”, оркетстарот од Осијечко – Барањска жупанија и Тијана Дапчевиќ со бенд.
„Секогаш кога сум настапувла во Куманово сум правеле одлични свирки. Кумановци имаат истенчен вкус за музика и затоа ми е посебна чест што сум дел од Тамбурашкиот Фестивал“, вели Тијана Дапчевиќ.
Вечерва на градскиот плоштад ќе настапат тамбурашкиот оркестар „Табиет” од Свети Николе и “Фрајле” од Нови Сад.
Настанот е под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.
Габриела Димковиќ
