Образование

Почна учебната 2025/2026 година

01.09.2025 08:40

Заѕвони училишното ѕвонче. Учениците се вратија во училишните клупи. Министерката Јаневска очекува успешен старт и повисок квалитет на наставниот процес …

За 245.000 ученици денеска почнува новата учебна година. Oд нив 17.250 за прв пат ќе седнат во училишните клупи и ќе го почнат образованиот процес. 

Речиси 1.400 образовани асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта, 130 во средните.

Министерката Јаневска очекува успешен старт и повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години. Втора учебна година која почнува со учебници за сите ученици во основното и средното образование, ќе има и учебници по странски јазици.