Кина

Си Џинпинг и Путин рамо до рамо на Самиот во Шос

01.09.2025 08:48

Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка во Тјанџин ја претстави Кина како сила за глобална економска стабилност и вети 280 милиони долари помош за земјите членки...

Кинескиот лидер Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка во Тјанџин ја претстави Кина како сила за глобална економска стабилност и вети 280 милиони долари помош за земјите членки, како и формирање Банка за развој, во време кога САД водат царинска војна и ја намалуваат странската помош.

„Треба да ја искористиме силата на нашите мега-пазари и економската комплементарност меѓу земјите-членки и да го подобриме олеснувањето на трговијата и инвестициите“, изјави Си Џинпинг – претседател на Кина.

Без директно да ги спомне САД, Си се изјасни против „хегемонизмот“ и „менталитетот на Студената војна“, критикувајќи го западниот поредок. Самитот го нагласи глобалното лидерство на Кина и блиското партнерство со Русија, додека двете земји настојуваат да ја променат рамнотежата на моќ во своја корист.