Мерц: Војната меѓу Русија и Украина ќе трае долго
Германскиот канцелар Мерц, пак, не е оптимист дека војната наскоро ќе заврши, обвинувајќи ја Русија за тоа...

Украинскиот претседател потсети дека рокот од двете недели што Трамп и го даде на Русија се троши. Доаѓа време кога Кремљ треба да биде подготвен за вистински преговори и состанок на ниво на лидери-додава Зеленски. Очекува сојузниците да извршат поголем притисок врз Путин за да се стави крај на војната.
„Очекуваме дека никој нема да толерира влечење на војната. Сметаме на силна позиција од САД, Европа и земјите од Г20. Оваа војна само придонесува за дестабилизација на светските процеси. Русија мора да плати за ова“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен, вели дека Европа прецизно испланирала како да испрати трупи во Украина со поддршка од САД. Германскиот канцелар Мерц, пак, не е оптимист дека војната наскоро ќе заврши, обвинувајќи ја Русија за тоа.
„Ментално се подготвувам оваа војна да трае долго. Се обидуваме да ја завршиме што е можно побрзо. Но, секако не по цена на капитулација на Украина. Затоа зборуваме за формулирање безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот“, изјави Фридрих Мерц – канцелар на Германија.
Во истовреме Киев соопшти дека осомничениот за убиството на Парубиј е приведен.
