Авганистан

Жртви и повредени во резорен земјотрес во Авганистан

01.09.2025 09:05

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди планинскиот регион Хиндукуш во североисточен Авганистан, при што загинаа најмалку 20 лица, над 100 се повредени, а десетици се водат како исчезнати...

Разорен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди планинскиот регион Хиндукуш во североисточен Авганистан, при што загинаа најмалку 20 лица, над 100 се повредени, а десетици се водат како исчезнати. Земјотресот, на длабочина од само 8 км, се почувствувал од Кабул до Исламабад.

Поради свлечишта, спасувањето е можно само по воздушен пат. Властите предупредуваат дека бројот на жртви ќе расте и побараа итна помош од меѓународни хуманитарни организации. Епицентарот бил на 27 км од Џалалабад.