Две кадетски победи!
На добар пат се и нашите кошаркарски кадети кои на Европското првенство од „Бе“ дивизијата во Струмица досега забележаа два триумфа. Вчера над првиот фаворит во групата Словенија со 80-78. Ранко Мамузиќ украде топка на осум секунди до крајот, а потоа погоди од контра за победа којашто ја приближи Македонија до четвртфиналето. Составот на селекторот Саша Димитријевиќ денеска игра со уште еден тежок противник Израел.

Македонските ракометни кадети, пак, го завршија учеството на Европскиот шампионат во Полска на претпоследната позиција. Во натпреварот за избегнување на дното ја совладаа Романија со 35-32.