Словенија

Министерот Муцунски на Бледскиот стратешки форум во Словенија

01.09.2025 10:02

Министерот Муцунски, денеска и утре ќе престојува во Република Словенија, каде што ќе учествува на Бледскиот стратешки форум...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во Република Словенија, каде што ќе учествува на Бледскиот стратешки форум.

Во рамките на форумот, Муцунски ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Нема регион за младите – време е за промени“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Сесијата ќе ги обедини министрите за надворешни работи и младите експерти од регионот, нудејќи уникатна можност за соочување со предизвиците и разгледување на вистинските потреби за суштинска трансформација.

Покрај учеството во официјалната програма, Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, каде што ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.