Миовски дебитираше за Ренџерс
01.09.2025 10:57
Миовски потпиша четиригодишен договор со Ренџерс. Тој се најде во почетниот состав на дербито против Селтик и одигра 73 минути.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски дебитираше вчера за Ренџерс во големото шкотско дерби против Селтик кое заврши без голови, ден откако го комплетираше трансферот во гигантот од Глазгов.
Миовски потпиша четиригодишен договор со Ренџерс. Тој се најде во почетниот состав на дербито против Селтик и одигра 73 минути.
Македонскиот репрезентативец со трансферот во Ренџерс се врати по едногодишна пауза во шкотското првенство каде настапуваше две сезони за Абердин, пред да замине за шпанска Жирона.
Фото: Rangers FC
