Македонија

РСБСП со кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ по повод почетокот на учебната година

01.09.2025 11:15

Од РСБСП потсетуваат дека сообраќајната култура и дисциплина се учат уште од најмала возраст, а правилните навики создаваат идни одговорни учесници во сообраќајот.

Со почетокот на новата учебна година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Министерството за внатрешни работи ја стартуваа кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Целта е да се зголеми свеста за безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот и да се потсети дека одговорноста е заедничка – на возачите, родителите и самите деца.

Од РСБСП потсетуваат дека сообраќајната култура и дисциплина се учат уште од најмала возраст, а правилните навики создаваат идни одговорни учесници во сообраќајот.

Според податоците на МВР, во последните пет години (2019–2024) животот во сообраќајни несреќи го загубиле 771 лице. Најчести причини за трагичните исходи се брзо возење, непочитување на првенство на минување, возење во спротивна насока и управување под дејство на алкохол.

Од РСБСП нагласуваат- безбедноста не е случајност, туку резултат на дисциплина и одговорност. Само со заеднички напори можеме да го направиме патот до училиштето безбеден за децата.