Мицкоски: Новата учебна година започнува со учебници и нови содржини за учениците
Тој најави дека покрај редовните предмети, учениците ќе добијат можност да учат и за вештачката интелигенција, со што ќе се отвори пат кон нови знаења и идни предизвици.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им посака среќен почеток на новата учебна година на учениците и наставниците, истакнувајќи дека за првпат по седум години сите ученици ќе ги имаат потребните учебници на првиот училишен ден.
Тој најави дека покрај редовните предмети, учениците ќе добијат можност да учат и за вештачката интелигенција, со што ќе се отвори пат кон нови знаења и идни предизвици. Исто така, по долг период, повторно се обезбедени учебници по странски јазици – англиски, германски и француски, кои ќе им помогнат да градат пријателства и надвор од земјата.
Мицкоски упати благодарност до министерката за образование и до градоначалникот на Кисела Вода за нивниот придонес и заложби. На учениците им порача дека училиштето е место каде се градат две клучни вредности – семејството и татковината, и им посака успешна година исполнета со знаење.
