Образование

Еднакви услови за настава за сите ученици

01.09.2025 12:59

Учебната година почна и за учениците со попреченост. Родителите велат дека во центарот во Прилеп се трудат за развојот на нивните деца. Иако засега потребите се задоволуваат, ќе биде неопходно да се зголеми персоналот. Градските власти уверуваат дека има доволно образовни асистенти.

Деветте ученици од 6-то до 9-то одделение во прилепскиот Центар за поддршка на учењето ја почнаа учебната година. Сакаат да учат и да се дружат.

И мајката на седмоодделенецот Андреј смета дека доволно се работи за развојот на нејзиното дете со попреченост.

Во Центарот работат седум едукатори и рехабилитатори, со учениците и со децата што доаѓаат на третмани.

Иако засега се задоволуваат потребите, ќе биде неопходно да се зголеми персоналот.

Градските власти уверуваат дека во 10-те основни училишта има доволно образовни асистенти кои ги задоволуваат потребите. А од годинава и во петте средни.

Учебната година во Прилеп ја започнаа околу 9.000 основци и средношколци, од кои 600 првачиња. Образованието мора да биде подеднакво за сите.

Елизабета Митреска