Министерката Јанкулоска делеше едукативни флаери „Кога тргнуваш на пат во лето“

23.08.2014 17:06

Летово на патиштата низ државава се случија неколку сообраќајни несреќи. Некои завршија и со жртви. Токму затоа, надлежните, посебен акцент ставаат на едукацијата на возачите. Министерката за внатрешни работи Гордана јанкулоска, на наплатната станица „Петровец“ ги промовираше новите флаери за безбедно возење во летниот период.

„Во првото пологудие на 2014 година се случиле вкупно 1716 сообраќајни несгоди со потешки последици, каде што имаме 71 жртва, што во споредба со истиот период од минатата 2013 година бележи намалување, бидејќи тогаш во истиот период сме имале 87 жртви во сообраќајот. Ваквиот податок не треба да го намали нашето внимание и нашата посветеност во борбата за подобри услови во сообраќајот“, рече министеркта Јанкуловска.

„Овие се само пет кросини совети за нашите возачи, за возачите на Република Македонија, досега во изминатите кампањи имаме уште четириесетина направени вакви совети, продолжуваме со кампањите во месец септември и октомври“, рече претставник на Републичкиот совет за безбеднсот во сообраќајот“.