Образование

Учениците се вратија во училишните клупи

01.09.2025 17:36

Учениците се вратија во училишните клупи. Министерката Јаневска очекува успешен старт и повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години.

Одекна првото училишно ѕвонче повикувајќи ги првачињата на час. Некои со насмевки и возбуда на лицата, други со солзи, носејќи ги тешките ранци итаа кон училниците. Играчките ќе ги заменат со книги.

Новите предизвици за првачињата ќе значат и постепено од удобноста на градинките да седнат во училишните клупи, каде што ќе се описменуваат и ќе се подготвуваат за светот на возрасните.

Нивните другарчиња од повисоките одделенија се сеќаваат на првиот училиштен ден со насмевка. Велат, не беше лесно, но стравот ќе помине, а знаењето е за цел живот.

Со посветеност и љубопитност за нови знаења, ќе ги остварат своите цели. Патот на знаењето е најмоќната алатка за успех што ќе ја понесат со себе низ животот.

 

Александра Спировска