Македонија

Филипче: Образованието е најважната инвестиција, секое дете заслужува еднаква шанса за квалитетно образование

01.09.2025 12:04

На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење, соопштуваат од партијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје.

На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење, соопштуваат од партијата.

„Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на сите учениците и им посакувам да се стекнат со нови знаења. На родителите и наставниците им посакувам трпение и да им дадат многу поддршка на децата“, рече Филипче.

Во изјава за медиумите, Филипче истакна дека вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации.Тој додаде дека во периодот на владата на СДСМ беше ставен силен фокус на инвестициите во училиштата и зголемувањето на платите на наставниците.