Македонија доби 2,3 милиони евра неповратна помош од ЕУ
Европската комисија ја одобри првата транша за Македонија од околу 2, 3 милиони евра, неповратна помош, а околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку инвестициската рамка за раст на земјите од Западен Балкан...

Европската комисија ја одобри првата транша за Македонија од околу 2, 3 милиони евра, неповратна помош, а околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку инвестициската рамка за раст на земјите од Западен Балкан. Околу 3, 7 милиони евра е преостанатиот дел од заемот, а во сумата не се вклучени околу 3,6 милиони евра наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање.
Предходно Владата целокупната документација за чекорите од реформската агенда 2024–2027, со рок на реализација декември 2024 година , односно февруари 2025 година). Барањето ги опфаќаше реформите во повеќе области, поефикасно и транспарентно буџетско управување, во енергетиката, владеење на правото.
Според оценката на Европската комисија целосно исполнети се два чекори: донесувањето на законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на законот за трговски друштва, што е 40 проценти реализација на чекорите, односно 50 проценти во однос на средствата.
За преостанатите чекори, комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци, односно до декември 2026 година. Тогаш државата ќе може да ги очекува и останатите средства во висина од околу 17,1 милиони евра..
