Демјуник најново засилување за МЗТ

23.08.2014 17:08

Во екот на репрезентативните настапи, клубовите ја одредуваат физионимијата на екипите со коишто ќе влезат во новата сезона. Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје, потпиша со Џордан Демјуник. 24-годишниот американец, кој игра на позициите бек - шутер и ниско крило, претходно во Европа го носеше дресот на кипарскиот Керавнос.

Тимот од Аердором пред два дена ги обезбеди услугите на уште еден Американец Милтон Џенингс, а новиот тренер Змаго Сагадин даде дозвола во сино – бело наредната сезона да бидат и Ненед Зивчевиќ и Грузиецот Георги Цинцадзе.