Македонија
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
01.09.2025 13:50
Македонија е на 51-во место на најновото рангирање на Глобалниот индекс за мир 2025-та, што е пад за четири позиции во однос на лани во услови на влошена глобална безбедносна состојба...

Македонија е на 51-во место на најновото рангирање на Глобалниот индекс за мир 2025-та, што е пад за четири позиции во однос на лани во услови на влошена глобална безбедносна состојба.
Најмирни држави во светот се Исланд, Ирска и Нов Зеланд. Најнемирни се Украина и Русија.
Од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 9-то, Унгарија на 17-то, хрватска на 19-то место. Црна Гора е на 34-то место, а зад нас остануваат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Франција е најмилитаризираната држави во Европа, на 74-то место. САД се најдоа на 128-мо место.
