Уште две постојки до Евробаскетот 2015

23.08.2014 17:09

Македонските кошаркари се пред остварување на целта. Во квалификациите за Евробаскетот во 2015-та сите параметри се на страна на нашиот национален состав. Со досегашниот ефект македонската репрезентација го заврши главниот дел од работата. Победата во Скопје над Белгија и гостинската во Белорусија според сите претпоставки треба да се доволни за петто учество на континенталните собири, четврто во серија. Останува само уште полесниот дел, да се забележат два триумфа пред своја публика во дуели со ривали што веќе ги совладавме на нивни паркет.

Македонските кошаркари се пред остварување на целта. Во квалификациите за Евробаскетот во 2015-та сите параметри се на страна на нашиот национален состав. Со досегашниот ефект македонската репрезентација го заврши главниот дел од работата. Победата во Скопје над Белгија и гостинската во Белорусија според сите претпоставки треба да се доволни за петто учество на континенталните собири, четврто во серија. Останува само уште полесниот дел, да се забележат два триумфа пред своја публика во дуели со ривали што веќе ги совладавме на нивни паркет. Данска утре треба да биде тренинг пред завршниот дуел со Белорусија в среда.

Системот на натпревари во квалификациите овозможува голема шанса за успех и со освојување на второто место во групата, но во оваа фаза размислуваме и за првото. Белгија има ист биланс со нас и подобар кош - количник засега, но во последните два меча ќе гостува. Утре против Белорусија, а потоа и кај Данска. Тоа се разбира дека е наша шанса, можеби уште утре да го преземеме водечкото место во групата „Де“. Во тој случај и Белорусите би се вратиле сериозно во игра за европска виза, но од оваа перспектива за нас е добро што за се решаваме сами, и тоа во арената „Борис Трајковски“, каде што ретко губиме.

Сепак, за подновениот репрезентативен состав, дури и во добитна комбинација, девизата „чекор по чекор“ останува најдобра опција. Најпрво утре да ја победиме Данска. Преносот е на првиот канал од 20 и 20.