Потребен е сериозен и државнички пристап за деблокирање на евроинтеграциите, вели Филипче
Филипче, оцени дека е потребен сериозен и државнички пристап за деблокирање на европската интеграција на Македонија според него ние како земја практично сме во фаза како преговорите да сме ги напуштиле...

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оцени дека е потребен сериозен и државнички пристап за деблокирање на европската интеграција на Македонија според него ние како земја практично сме во фаза како преговорите да сме ги напуштиле. И тоа е најлошото нешто што може да ни се случи“, рече Филипче. Тој најави дека неговата партија оваа недела ќе презентира работен документ со јасни политички ставови за понатамошниот тек кон Европската унија.
Тој документ како што посочи Филипче ќе ги вклучи сите аспекти важни за земјата, ќе ги наведе претходните изјави и преземените обврски од францускиот предлог, како и нашиот конкретен предлог за тоа како да се продолжи – со јасно и прецизно дефинирани црвени линии.
Тој критички се осврна и на економските политики на Владата за кои рече дека се погубни за животниот стандард на граѓаните.
Во однос на политиките во образованието, Филипче вели се што е добро ќе го поздрават, но сепак како што рече најважно е да се зголемат платите на наставниот кадар во основното и средното образование.
Игор Панов
