Во тек е предистражна постапка за наводите на АНБ
Обвинителството за организиран криминал и корупција отворило предмет по известувањата на АНБ за наводи за незаконско следење во периодот од 2019-та до 2024-та година на тогашната опозицијата и група новинари. Внатрешната истрага на агенцијата покажала дека непрофесионалното работење било од страна на поранешен директор и група вработени...

Отворен е предмет за наводите за незаконски оперативни обработки на јавни личности, од страна на поранешното раководство на Агенцијата за национална безбедност, од 2019-та до 2024-та година. Во интерес на заштита на тајноста на предистражната постапка, од Обвинителството не откриваат детали за преземените чекори, ниту за идентитетот на таргетираните лица.
Актуелниот директор на агенцијата, Бојан Христовски, вели топката е сега кај Обвинителството, но факт е дека поранешниот директор заедно со група вработени, во континуитет ја злоупотребувале службената положба.
Документацијата за случајов е класифицирана како државна тајна, но факт е дека и Агенцијата за национална безбедност, но и Агенцијата за разузнавање, темелно се занимавале со мене, како опозициски лидер, но и со новинари, бизнисмени и други јавни личности, вели премиерот Мицкоски.
На темава се огласи и поранешниот директор на агенцијата, Виктор Димовски, и најави одговор на обвинувањата против него.
Марија Котовска
