Политика

Во Собранието уште две пленарки пред кампањата

02.09.2025 08:10

Нема да има нов обид за измени на Изборниот законик, а до изборите нема да се избере нов претседател на Антикорупциската комисија и Народен правобранител.

Септември е последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори. На двете пленарки, денеска и на 12-ти треба да се заокружат сите закони што се во процедура.

Нема да има нов обид за измени на Изборниот законик, а до изборите нема да се избере нов претседател на Антикорупциската комисија и Народен правобранител.

На последната итна седница не помина предлогот за измени на Изборниот законик по скратена постапка, поради недостиг на Бадентерово мнозинство.

Спикерот Гаши најави усвојување на декларација за фер и демократски избори, која најверојатно ќе се случи на 12-ти септември, откако претходно партиите ќе стават потпис на неа.