Ново рочиште за случајот „Адитив“
Истрагата опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

Во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судењето за случајот „Адитив“. Истрагата опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, за криминал тежок 6,5 милиони евра.
Преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори, обвинетите местеле тендери за набавка на адитиви за јаглен за потребите на РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина.
Обвинителството побара спојување на предметот за ексдиректорката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, обвинета за оддавање службена тајна и незаконски сертификат за класифицирани информации. Димитровска кон крајот на јули поднесе оставка од функцијата.
