Локални избори

Заврши рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници

02.09.2025 08:22

Според податоците на Државната изборна комисија, неколку часа пред крајниот рок, потписи за градоначалници се собирале во 19 општини, за вкупно 32 кандидати.

На полноќ заврши рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и за советници за локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, неколку часа пред крајниот рок, потписи за градоначалници се собирале во 19 општини, за вкупно 32 кандидати.

Политичките партии пак, своите кандидатури треба да ги достават најдоцна до 13-ти месецов, на полноќ. Два дена порано завршува увидот во Избирачкиот список.

Кампањата стартува на 29-ти септември, а првиот круг од локалните е на 19-ти октомври.