Србија

Комеморативна прошетка по повод 10 месеци од трагедијата во Нови Сад заврши во хаос

02.09.2025 08:13

Според сведоштва и од видеата на социјалните мрежи се слушаат и топовски удари...

По комеморативната прошетката во Нови Сад по повод 10 месеци од трагедијата на Железничката станица, полицијата интервенираше кај Факултетот за спорт, користејќи палки и шок бомби. Студентите тврдат дека кампусот бил окупиран и дека акцијата била координирана. Според сведоштва и од видеата на социјалните мрежи се слушаат и топовски удари.

Илјадници граѓани синоќа се собраа и во Белград во сеќавање на 16-те жртви.