Украина

Кремљ: Не е планирана средба Путин-Зеленски

02.09.2025 08:21

Помошникот на Кремљ Ушаков изјави дека не е планирана средба Путин-Зеленски, ниту пак трилатерален состанок со Трамп...

Москва повторно ги намали надежите на Киев за лидерска средба додека тече двонеделниот рок даден од Трамп за Русија. Помошникот на Кремљ Ушаков изјави дека не е планирана средба Путин-Зеленски, ниту пак трилатерален состанок со Трамп. Додека украинскиот фронт продолжува да гори, перспективите за мир во Украина-тема на европските шефови на дипломатиите на самитот во Блед.

„Сите сакаат мир освен Русија. Мораме да одржиме трансатлантско единство, да извршиме притисок врз Русија и да ја поддржиме одбраната на Украина“, изјави Баиба Бразе, министер за надворешни работи на Латвија.