Израел
Белгија најави признавање на палестинската држава и санкции против израелската влада
02.09.2025 08:30
По одлуката на САД да им укине визи на палестински претставници, вклучувајќи го и претседателот Абас, израелскиот премиер Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за моралната јасност...

Белгија најави дека ќе ја признае палестинската држава во септември и ќе воведе санкции против израелската влада. По одлуката на САД да им укине визи на палестински претставници, вклучувајќи го и претседателот Абас, израелскиот премиер Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за моралната јасност. Во Газа офанзивата продолжува. Нови жртви и повредени во воздушен напад врз бегалски камп кај болницата Ал Акса. Британија најави нова хуманитарна помош од 20 милиони долари, откако ОН прогласија глад и побараа итен прекин на огнот.
„Глад што не е контролиран, ќе се претвори во широко распространет глад. Ова не е природна катастрофа, ова е глад предизвикан од човекот во 21 век. Сите знаеме дека има само еден излез – итен прекин на огнот“, изјави Дејвид Лами, министер за надворешни работи на Велика Британија.
