Авганистан
Над 800 жртви во земјотресот во Авганистан, властите бараат помош
02.09.2025 10:04
Повеќе од 2.500 луѓе се повредени, а цели села уништени. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте...

Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес во Авганистан. Спасувачите во трка со времето се обидуваат да ги извлечат затрупаните луѓе од под урнатините. Повеќе од 2.500 луѓе се повредени, а цели села уништени. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте.
„Бевме под земја. Спасувачите дојдоа и нè спасија. Мојата сопруга, син и внуци беа затрупани под уништената куќа. Ова беше божји тест за нас“, изјави Шахид Кан, локален жител повреден во земјотрес.
Велика Британија вети помош од 1 милион фунти, нагласувајќи дека парите нема да отидат во рацете на Талибанците.
