Статистика

Во услужните дејности и продажбата најмногу слободни работни места во второто тримесечје од 2025

02.09.2025 10:43

Според региони, највисока стапка на слободни работни места е забележана во Југоисточниот регион со 2,54 %. Најголема понуда на нови работни позиции по дејности има во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“...

Во второто тримесечје од 2025 година стапката на слободни работни места во земјава изнесувала 2,08 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголема побарувачка имало за работници во услужни дејности и продажба, каде биле евидентирани 2.008 слободни работни позиции.

Според региони, највисока стапка на слободни работни места е забележана во Југоисточниот регион со 2,54 %. Најголема понуда на нови работни позиции по дејности има во секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, каде слободните места достигнуваат 3,77 %. Најниска е стапката во „Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“ – само 0,36 %.

Во однос на големината на компаниите, највисока стапка на слободни работни места имаат деловните субјекти со 10 до 49 вработени – 2.69 %.