Изложба

Ретроспективна изложба на архитектот Живко Поповски

02.09.2025 09:25

Во Музејот на современата уметност во Скопје утре во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба за еден од највлијателните македонски архитекти, Живко Поповски. Ова е прва сеопфатна презентација на неговото дело. Куратори се Анета Христова - Поповска и Мери Батакоја...

Во Музејот на современата уметност во Скопје утре во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба за еден од највлијателните македонски архитекти, Живко Поповски. Ова е прва сеопфатна презентација на неговото дело. Куратори се Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја.

Изложбата го осветлува неговиот проектантски опус, претставен со ексклузивни материјали од приватната архива. Публиката ќе има можност да види десетици оригинални проекти, цртежи, фотографии и видеа, кои за првпат го откриваат целосниот спектар на неговите авторски преокупации.

– Сиот овој документарен материјал испишува една поубава стварност за нашите градови и го прикажува Живко Поповски како вистински вљубеник во архитектурата, кој го посветил сиот свој живот неуморно замислувајќи и проектирајќи архитектура со интимна посветеност. Дополнително, низ оваа изложба, архитектонската имагинација на Живко Поповски се разоткрива како исклучително комплексна и дијалектичка — со преокупации кои се протегаат од модернистичката универзалност до силната културна самосвест и длабоката грижа за локалните континуитет, од рациото на модерниот артефакт до ексцентричноста на ликовната интуитивност и постмодерната текстуалност. Неговата архитектура е жива форма — која, како и животот, е повеќегласна и постојано во еволуција – велат кураторите.