ЦУК: Два активни, три пожари под контрола
Во текот на претходните 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, на територијата на целата држава забележани се вкупно 18 пожари на отворен простор.

Во моментов, активни се два пожари во земјата, додека три други се успешно ставени под контрола.
Во текот на претходните 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, на територијата на целата држава забележани се вкупно 18 пожари на отворен простор.
Од нив, 13 се изгаснати, информираа денес од Центарот за управување со кризи. Во областа на селата Црнилиште и Долгаец, во општина Долнени, гори нискостеблеста вегетација.
Мешана шума е зафатена од оган во близина на селото Никуштак, во општина Липково. Пожарите во општините Гевгелија, Македонски Брод и Гази Баба се ставени под контрола.
Станува збор за приземен пожар на планината Кожуф, опожарена мешана шума во „Јасен“, како и запалено ѓубриште во „Вардариште“.
Успешно ликвидираните пожари беа лоцирани на териториите на општините Арачиново, Валандово, Делчево, Илинден, Кавадарци, Куманово, Липково, Радовиш, Свети Николе, Чешиново – Облешево.
Преостанатите три пожари се случиле во околината на општина Струга.
