Руси учат во Микросан за роботи
Половина месец, 20-сетина деца од Русија престојуваат во Прилеп, каде во фабриката Микросан учат како се прават роботи. Презадоволни се од се што можат да видат, слушнат и научат во институтот Микросан, за посебноста на производството...

Руси учат како да програмираат и конструираат роботи во Македонија. 20-тина деца од Русија годинава учествуваа на летниот камп на компанијата Микросам во Прилеп, во Институтот за современи композити и роботика, каде се запознаваа со поледните светски трендови на оваа технологија.
„Направивме робот кој со помош на сензори за боја се движи по црна линија, и доколку забележи некоја друга боја, повторно ја бара црната и пак се враќа на оваа црна елипса која е нацртана“, вели Максим Смирнов, учесник на кампот.
„Конструиравме таков робот кој може да земе чаша од една точка и потоа се врти и истата таа чаша ја носи до одередено место и застанува на една црвена линија, а тоа го прави со помош на сензори за боја“, рече Марија Калина, учесник на кампот.
За само 2 недели колку што трае кампот децата навистина длабоко навлегле во тајните на роботите.
„Имавме задача да направиме роботска рака која може да фрла со топче и да погодува во празни чаши кои се наместени на одредено растојание“, рече Антон Тимошков, учесник на кампот.
Институтот за современи композити и роботика на Микросам е најголемиот и најмодерниот ваков технолошко-истражувачки центар во Европа. За 2 години колку што трае овој летен камп, него го посетиле над 70 деца од соседните држави и Русија.
„Камперите имаат можност да ги изучат основите на роботиката и нивно програмирање, и на крајот прават сопствени апликации на роботски сетови. Се разбира ние имаме типови на сетови спрема нивната комплексност и спрема возраста на децата“, изјави Драган Вељаноски, директор на Институтот за современи композити и роботика на Микросам.
Освен создавањето на роботи децата имаа и организирани екскуризии низ Македонија за да подобрат се запознаат со нашата култура и историја.
Дарко Штаргоски
