УХМР

Од утре попладне до петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

02.09.2025 16:18

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.

Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје, утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд.