Светските лидери во Пекинг пред големата парада
По Самитот на Шангајската организација во Тјенџин, светот станува мултиполарен. Во Пекинг 26 лидери на држави ќе присуствуваат на одбележување на крајот на Втората светска војна и победата на Кина врз Јапонија на 3-ти септември. Манифестацијата има и политички и економски карактер. Газпром ќе гради 2 гасовода преку Кина до Монголија. Во Пекинг се и премиерот на најбројната држава во светот Индија. Од европските лидери присуствуваат српскиот и словачкиот, Вучиќ и Фицо …

Драг пријател, вака Путин го нарече кинескиот претседател на средбата која претходи на утрешната воена парада, по повод завршувањето на Втората светска војна. Ова е втора меѓународна посета на шефот на Кремљ по средбата со Трамп на Аљаска.
„Кина е подготвена да соработува со Русија за да ги поддржи меѓусебниот развој и обновата, цврсто да ја почитува праведноста и правдата и да го промовира градењето на порамноправен глобален поредок“, изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.
„Русија искрено се заложува за сеопфатен развој на меѓусебно корисни и рамноправни односи со кина и Монголија. Веруваме дека е важно успешната билатерална соработка да се прошири и да добие нови аспекти, бидејќи нашите три земји имаат заеднички интереси“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Во Пекинг пристигнуваат лидерите од 26 земји во светот чие население брои речиси половина од планетата со национален бруто производ од 25 насто од светската економија.
Русија, Кина и Монголија потпишаа меморандум за изградба на гасоводот „силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „сојуз на истокот“. Проектот ќе овозможи испорака на 106 милијарди кубни метри гас годишно од Русија преку кина до Монголија.
Од европските земји на воената парада ќе присуствуваат српскиот претседател Вучиќ и словачкиот премиер Фицо.
„Лично жалам што Словачка е единствена земја на ЕУ претставена во Пекинг. Новиот светски поредок е блиску, светот станува мултиполарен, со рамнотежа на силите и со меѓународна стабилност“, изјави Роберт Фицо, премиер на Словачка.
Покрај економската соработка, неизбежни теми на средбите во Пекинг се и решенијата за Украина и за Газа. Кина веќе понуди мировен план од 12 точки којшто засега меѓународно не е прифатен. Фицо најави средба со украинскиот претседател Зеленски по состаноците со Си и Путин во Пекинг.
Катерина Бојаџиева
