Македонија

Напаѓачот на Арсовска доби две години затвор

02.09.2025 12:59

До правосилноста на пресудата, Љамалари останува во притвор.

Сулејман Љамалари, на кого му се судеше за физичко и вербално насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доби две години затворска казна, во кои се пресметува времето поминато во притвор. До правосилноста на пресудата, Љамалари останува во притвор.

Пред судот тој тврдеше дека не е напаѓачот, туку жртвата во инцидентот, а неговата одбрана побара Арсовска да се гони кривично за напад врз него.

По инцидентот што се случи пред еден месец во скопската населба Чаир, при увид по пријава за дивоградба од страна на Арсовска, таа доби 24-часовно полициско обезбедување.