Бесплатни обуки за ИТ вештини за невработените

23.08.2014 17:37

Објавен огласот за обука за напредни ИТ вештини. Невработените лица со познавања од графичкиот и веб дизајнот и мрежното уредување ќе може да се дообразуваат за сертификатот од меѓународна важност. Државата ќе финансира од 750 до 2500 евра, во зависност од обуката.

„Денес излегува јавниот оглас до заинтересираните невработени лица за учество во бесплатните обуки за напредни ИТ вештини. Ги мотивираме евидентираните невработени лица, активни баратели на работа со завршено средно или високо образование, кои се заинтересирани за стекнување на напредни вештини од областа на информатиката да се пријават во работниот клуб во Центрите за вработување при Агенцијата за вработување на Република Македонија“, рече минстерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

„Сите лица коишто ќе се пријават до петти септември ќе имаат иста можност да го полагаат квалификациониот испит, којшто е стандардизиран испит од тсрана на провајдерите, од куќите како што е Мајкрософт, Јава, Циско“, рече  Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.