Образование

Намален бројот на првачиња во источниот регион

02.09.2025 17:49

Сите општини од источниот регион годинава бележат помалку првачиња во училишните клупи. Иселувањето, миграцијата и нискиот наталитет посебно се чувствуваат во Штип, каде пред три децении во училишните клупи седнуваа по околу илјада првачиња, а сега нивниот број е над 300. Во Берово годинава има само 45 првачиња…

Во петте штипски централни основни училишта годинава има 363 првачиња, 35 помалку од минатата училишна година. Пред три децении бројот на првачињата во штипските училишта беше околу илјада, а пред дваесет години имало околу 700 првачиња.

Нискиот наталитет, миграцијата и иселувањето најсилно се чувствуваат кај првачињата, но одлив на ученици има во скоро сите основни и средни училишта во Штип.

Само девет првачиња две помалку од лани има во најмалата општина по бројот на жители во државата, Зрновци. Во Чешиново – Облешево настава следат 35 првачиња, во Општина Карбинци 50, во Пробиштип 82, во Виница 115, а во Делчево годинава има 109 првачиња. Во Кочани има 254 првачиња, педесетина помалку од претходната генерација.

Славица Величковска