дик
Истече рокот за потписи за независните кандидати
02.09.2025 13:25
Според последните податоци на Државната изборна комисија, неколку часа пред крајниот рок, потписи за градоначалници се собирале во 19 општини, за вкупно 32 кандидати...

На полноќ заврши рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и за советници за локалните избори. Според последните податоци на Државната изборна комисија, неколку часа пред крајниот рок, потписи за градоначалници се собирале во 19 општини, за вкупно 32 кандидати. Политичките партии пак, своите кандидатури треба да ги достават најдоцна до 13-ти месецов, на полноќ. Два дена порано завршува увидот во Избирачкиот список. Кампањата стартува на 29-ти септември, а првиот круг од локалните е на 19-ти октомври.
Известува Марија Котовска.
