Интензивно се работи на возобновувањето на Св. Климентовиот Универзитет
Непроценливото културното наследство од Охрид и регионот во фокусот на премиерот Никола Груевски и минстерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Направија увид во најзначајните проекти...

Почнаа од стариот дел на градот каде што се обновуваат фасадите, а завршија меѓу ризницата од археолошки откритија најдени на Плаошник. Вака изгледаше денешната културна обиколка на премиерот Груевски и министерката Канческа Милевска на Охрид. Таа од Плаошник информира дека интензивно се работи на проектот на возобновувањето св. Климентовиот Универзитет. Манастирските конаци, музејот, галеријата, библиотеката – првиот Универзитет на Балканот, св. Климентовиот, повторно се материјализира онаму каде што се роди.
„Она што го ветивме е кон крајот на 2016 та или почетокот на 2017 та година да можеме да го промовираме овој многу значаен проект „Возобновување на Светиклиментовиот Универзитет“ кој што верува дека ќе биде огромна туристичка промоција за градот Охрид и богатото културно наследство што го поседува. И сега имаме огромен број на туристи кои што ги гледаат прекрасните мозаци кои што се овде конзервирани. Јас се надевам дека во овој период ќе се заврши овој проект и ќе можеме да присуствуваме на неговата промоција“, рече Елизабета Канческа Милевска – министер за култура.
Огништето на нашата древна култура Охрид во моментов е и чувар на импресивната колекција од артефакти и откритија кои што досега се најдени на Плаошник и се целосно конзервирани.
Марија Котовска
