мвр
Лишен од слобода кумановец поради сомнение дека предизвикал пожар на патничко возило
02.09.2025 14:04
Тој се сомничи дека на 30.08.2025 на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово...

На 31.08.2025, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.П.(31) од Куманово. Тој се сомничи дека на 30.08.2025 на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово.
Б.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
