евроинтеграции

СДСМ до крајот на неделава ќе ја достави работната верзија на декларацијата за црвените линии за евроинтеграциите

02.09.2025 16:46

СДСМ до крајот на неделава во Собранието ќе ја достави работната верзија на декларацијата за црвените линии за евроинтеграциите. Власта и опозицијата со различни позиции за пристапниот процес...

Кога станува збор за националните интереси и стратегиска цел на нашата земја, a тоа е Европската унија, тука тоа треба да е предмет на прекупувања во дневната политика, не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови – вели лидерот на социјалдемократите Филипче кој најави дека декларацијата во работна верзија до крај на неделава ќе биде доставена до политичките чинители.

Филипче очекува сериозен пристап од Мицкоски во однос на декларацијата. Истакна дека тоа што од нас го бара Европската унија, е резултат на бројни преговори и долготраен процес. Ја разбира грижата на граѓаните, но потенцира дека не се загрозени националните интереси и идентитетските прашања.

Со францускиот предлог не е направено предавство – смета Филипче.

Миле А. Ристески