Студентското тело бара зголемување на субвенциите на студентскиот оброк
Универзитетското студентско собрание бара од Министерството за образование да ја зголеми сумата која ја добиваат студентите за субвенционираниот оброк. Ресорната министерка Јаневска, вели дека ќе се залага од идната година студентите да добиваат повеќе пари за оваа намена...

Субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од 140 на 150 денари во 2026-тата година, бара Националното студентско тело. За нив моменталниот износ е недоволен, а со новото зголемување би се обезбедила поголема сигурност и поддршка на студентите во услови кога растат трошоците за живот.
Барањето за 10 денари повисока субвенција за оброк, според студентите е за да се усогласи со инфлациската стапка за две години.
Министерката Јанеска вели дека останува партнер на студентите и дека ќе се залага догодина студентите да добиваат повисока субвенција за студентскиот оброк.
Мерката за субвенциониран студентски оброк почна да се спроведува пред 5 години. Согласно законот еднаш годишно се прави усогласување по фискалната година.
Викторија Милевска
