Скопје

Жители на Аеродром ќе протестираат додека не се реши проблемот со дивата депонија „Вардариште“

02.09.2025 15:29

Жители на Аеродром најавуваат дека секој ден во 16 часот ќе ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ дури не се среди проблемот со дивата депонија „Вардариште“ …

Граѓаните од Аеродром повикуваат на протест поради неподносливата миризба и загадувањето од депонијата „Вардариште“, која гореше во неделата.

Бараат итно решавање на проблемот, предупредуваат дека на локацијата има над два милиони кубни метри отпад што претставува сериозен ризик за здравјето и животната средина.

Веруваме дека овој проблем може и мора да биде решен само и мирно со бојкот на раскрсницата помеѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“, пред мостот „Киро Глигоров“, се наведува во повикот за протестот.