Временска прогноза

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд

03.09.2025 08:01

На повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 19 степени, додека максималните ќе се искачат од 22 до 35 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд.