Воен конфликт

Зеленски предупреди за ново зголемување на руските сили на некои делови од фронтот

03.09.2025 08:04

Зеленски го обвини Путин дека продолжува да раскажува приказни како да не е виновен за војната.

Украинскиот претседател предупреди за ново зголемување на руските сили на некои делови од фронтот и најави одговор. Зеленски го обвини Путин дека продолжува да раскажува приказни како да не е виновен за војната.

„Русија дефинитивно ќе ги почувствува последиците од својата дрскост. И ние продолжуваме да работиме со партнерите за да извршиме притисок врз Русија, и тоа ќе се случи. Русија не слуша ништо освен сила и ќе лаже сè додека не претрпи доволно тешки загуби. Сите партнери го разбираат ова“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Путин за време на средбата во Кина со словачкиот премиер Фицо истакна дека Москва и Вашингтон постигнале меѓусебно разбирање за борбите во Украина.