локални избори

Партиите ја комплетираат листата со кандидати

03.09.2025 08:08

Главната политичка битка секако, ќе биде за Град Скопје. Во трка се 6 кандидати од политички партии и еден независен. Крајниот рок до кога ќе може да се поднесат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии е 13-ти септември...

ВМРО-ДПМНЕ денеска на состанок на Извршниот комитет треба да ги комплетира преостанатите имиња, кандидати за градоначалници за локалните избори. Финишираат и разговорите со коалицискиот партнер ЗНАМ за поддршка на нивните кандидати за градоначалник во Центар и во Куманово. 

И опозициската СДСМ треба да ги комплетира своите листи за градоначалници и советници. Главната политичка битка секако, ќе биде за Град Скопје. Во трка се 6 кандидати од политички партии и еден независен. Крајниот рок до кога ќе може да се поднесат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии е 13-ти септември. Жрепката за редните броеви на гласачко ливче ДИК ќе ја организира најдоцна до 25-ти септември, а до 27-ми септември партиите треба да го потпишат кодексот за фер и демократски избори. 

До ДИК беа доставени 69 иницијативи за предлагање на независни листи за градоначалници и 68 за листи на советници.