Кина на голема воена парада го претстави своето најмоќно ново оружје
Војската на Кина претстави нова опрема од ласери за воздушна одбрана за копнена и морска употреба, невидливи борбени авиони и бомбардери со нуклеарни бомби, противбродски ракети и најновата интерконтинентална балистичка ракета...

Кина првпат по 10 години со голема воена парада ја одбележува 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.
Претседателот Шји Џинпинг придружуван од повеќе од 20 светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Путин, севернокорејскиот Ким Џонг Ун, словачкиот премиер Фицо, српскиот претседател Вучиќ го проследи дефилето на најмоќното ново оружје.
Војската на Кина претстави нова опрема од ласери за воздушна одбрана за копнена и морска употреба, невидливи борбени авиони и бомбардери со нуклеарни бомби, противбродски ракети и најновата интерконтинентална балистичка ракета и два нови големи подводни дронови.
