Свет

Нетанјаху: Израел е во одлучувачка фаза во војната со Хамас

03.09.2025 10:23

Земјата мобилизираше десетици илјади резервисти во екот на проширената офанзива во Газа.

Израел е во одлучувачка фаза во војната со Хамас, истакна премиерот Нетанјаху во обраќање до војниците и резервистите кои се регрутираат во Армијата. Земјата мобилизираше десетици илјади резервисти во екот на проширената офанзива во Газа.

„Работиме на поразување на Хамас, но по патот направивме чуда заедно бидејќи ја скршивме иранската оска во Газа, во Либан со Хезболах и со режимот на Асад кој беше урнат … Исто така и со самиот Иран кој ни претставуваше егзистенцијални закани ги отстранивме и Хутите. Но, она што почна во Газа мора да заврши во Газа“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Нетанјаху исто така соопшти дека копнените и воздушните сили напредуваат на повеќе цели во северна и централна Газа.