Свет

Трамп стави крај на шпекулациите за неговото здравје

03.09.2025 11:21

Шефот на Белата куќа рече дека има обврска да ја заштити земјата и затоа ќе испрати федерална интервенција во Чикаго и Балтимор, откако тоа го стори претходно во Вашингтон.

По една седмица непојавување во јавноста, американскиот претседател стави крај на шпекулациите за неговото здравје и на вонредно обраќање обелодени дека штабот на Вселенската команда на САД од Колорадо ќе биде преместен во Алабама, а базата ќе игра клучна улога во изградбата на Златната купола.

Исто така, шефот на Белата куќа рече дека има обврска да ја заштити земјата и затоа ќе испрати федерална интервенција во Чикаго и Балтимор, откако тоа го стори претходно во Вашингтон.

Претседателот изјави дека САД нападнале брод во јужниот дел на Карибите натоварен со дрога, а отпловил од Венецуела.