Култура
Љутков во работна посета на Велес
03.09.2025 08:13
Во Велес министерот Љутков ќе ги посети институциите од областа на културата, манастирската црква „Св. Димитрија“, Спомен-куќите на Џинот, Рацин и Главинов како и куќата на Апасиеви кои се дел од значајното културно наследство на овој град...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, и стручна екипа од Националниот конзерваторски центар, денеска ќе престојува во работна посета на Велес.
Во Велес министерот Љутков ќе ги посети институциите од областа на културата, манастирската црква „Св. Димитрија“, Спомен-куќите на Џинот, Рацин и Главинов како и куќата на Апасиеви кои се дел од значајното културно наследство на овој град.
Предвидени се изјави за медиуми пред Спомен-куќата на Џинот, соопштија од од Министерството.
