Странски инвестиции

Груевски: Германски компании заинтересирани за рестартирање на ЕМО

23.08.2014 18:23

Најавено е повторно заживување на гигантот ЕМО за кој се заинтересирани засега две, а во догледно време уште две германски компании. Со тоа ќе се обезбедат неколку стотици нови работни места...

Покрај туризмот, се раздвижува и економијата во Охрид во делот на странските инвестиции. Најавено е повторно заживување на гигантот ЕМО за кој се заинтересирани засега две, а во догледно време уште две германски компании. Со тоа ќе се обезбедат неколку стотици нови работни места, ќе се развие регионот, рече премиерот Никола Груевски при денешната посета на охридско.

„Сега рабориме на подготвките што им се потребни за да почнат со работа со произвотство и нормално со вработување исто така и со другата германска компанија сме во завршни преговори, а веќе со две други комапонии разговарме за делови од ЕМО кои што ќе останат да тие ги земат и започнат со производство затоа што поголемиот дел од ЕМО ќе биде земен од една од овие две големи германски компании која што сака токму таму да се стационира. Ќе останат само неколку објекти за кои се заинтересирани две други компании и со нив сме во преговори да ги убедиме да инвестираат така што комплетно цело ЕМО да биде рестатирано“, рече премиерот Никола Груевски

За побрз економски развој и за поголема заинтересираност на инвеститорите, Македонија ги презеде сите активности, посебно во инфраструктурата. Државата вложува огромни средства токму за оваа намена.

„Во моментов се градат голем број на автопатишта, локални и магистрални патишта. Како никогаш досега во моментов се градат 132 км нова автопатската мрежа. Тоа се патиштата од Кичево до Охрид, од Скопје до Штип и автопатот од Демир Капија до Смоквица“, рече министерот за транспрот и врски, Миле Јанакиевски.

Во туристичките региони, секој километар локален пат значи поголем број туристи, поголема промоција на убавините и позабрзан локален економски развој, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Најаваена е изградба на експресен пат Охрид-Пештани, а денеска е пуште во употреба на патот меѓу селата Долно и Горно Лакочереј, долг длизу 4 километри.

„Поставен е нов асфалт во должина до 3560 метри. Постанени се уште доплителни банкини во должина од 3.000 метри квадратни а претходно беше асфалтиран и главниот пат кој ги поврзува селата. Претходни беше поставена нова канализациона мрежа во должина од 1.300 метри која за прв пат овозможи дел од селото Лакочереј да се приклучи на основниот канализационен систем во градот Охрид“, рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Денеска беа најавени и нови инвестиции во Охрид, меѓу кои реконструкција на болницата Свети Еразмо, на Универсзитетскиот кампус, пешачки патеки, марина и други значајни инграструктурни решенија за општината.

Јованчо Наумоски